Фазите на проектниот план кои обезбедуваат успех на проектот

Проектниот план е кулминација на внимателно планирање од страна на проект менаџер. Тоа е главниот документ кој го води напредокот на проектот, според намерите на менаџерот за секој клучен аспект на проектот. Иако проектните планови се разликуваат од компанија до компанија, постојат десет чекори кои апсолутно мора да бидат во проектниот план за да се избегне забуна и принудна импровизација во фазата на извршување на проектот.